Критична маса #46 во Прилеп: Пролетно чистење на точаците и улиците

Прилепчани денеска од 17:30 часот кај споменикот „Александар Македонски“ ќе ја започнат својата 46-та велосипедска Критична маса.

Според најавата, овој пат настанот го носи името „Пролетно чистење на точаците и улиците“.

„Време е да направиме пролетно чистење на нашите точаци и улици. Да ги сервисираме нашите точаци, а надлежните институции да ги сервисираат улиците низ нашиот град“, стои во најавата за Критичната маса.