Ковид 19 во изминатото деноноќие: четворица починати, 37 нови случаи од 464 тестирања

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа од Ковид 19 починаа четири лица. Притоа, од направени 464 тестирања, регистрирани се 37 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-20, Куманово-3, Штип-1, Тетово-3, Струга-2, Велес-1, Охрид-2, Гостивар-2, Крива Паланка-1, Кочани-2.

Починати се еден пациент од Виница (57г), двајца пациенти од Охрид (77г и 57г) и еден од Струга (74г). Од нив тројца се починати во, еден вон болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 131 оздравени пациени.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15827,  бројката на оздравени пациенти е 13315, на починати е 652, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1860. Најголем број активни случаи има во Скопје- 540, по што следат Куманово со 190 и Прилем со 133 активни случаи.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 2 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 82 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани  се  4 деца и 4  мајки позитивни на ковид-19, 7 деца и 7 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3, а вкупно хоспитализирани се 26 пациент. На респираторна машина се 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 147, позитивни и сомнителни на ковид-19.