Контра кадар Скопје со омаж на Милош Форман – проекција на „Лет над кукавичкото гнездо“

Пред повеќе од еден месец почина еден од највлијателните режисери на 20-тиот век – чешкиот маг Милош Форман.

Во негова чест, 55-то издание на Контра Кадар Скопје ќе биде посветено нему, со проекција на неговиот филм ,,Лет над кукавичкото гнездо”.

Проекцијата ќе се одржи вечерва во кино Култура, со почеток во 20 часот. Влезот е бесплатен.

„Да се збогуваме на филмски начин со големиот мајстор“, се вели во настанот.