Контра кадар Скопје: Проекција на „12 Angry Men“ и дискусија со Ристо Солунчев

Судбината сами си ја кроиме. Или сепак, не? Ова е прашањето на кое е посветен следниот Контра кадар-Скопје што ќе се одржи утревечер во просториите на Социјалниот центар „Дуња“, со почеток во 20 часот.

Ќе се прикажува култниот филм на Сидни Лумет „12 Angry Men“ (1957), со Хенри Фонда и Мартин Балзам во главните улоги. Филмот е номиниран во три категории за „Оскар“ и е добитник на многу други награди.

По прокцијата, следува дискусија со Ристо Солунчев, професор по филозофија при УКИМ.

Влезот е бесплатен.