Контра Кадар СК 41: Black Mirror – Nosedive и дискусија на тема „Каде отиде човекот во тебе?“

Во понеделник на 13.02 во 19.00 часот во Социјалниот центар „Дуња“ ќе се одржи проекција на епизодата Nosedive од антологискиот серијал Black Mirror, а е се разговара и на темата “Каде отиде човекот во тебе?”.

Black Mirror на Чарли Брукер е антологиска серија која ги обработува негативните ефекти на технолошкиот напредок, преку хиперболизирана и технофобична нарација. Брукер го прикажува модерното општество на мрачен, сатиричен, уникатен и суров начин.

На дискусијата ќе се отвори дебата на прашањата: Дали заборавивме како се живее или можеби никогаш не ни знаевме?, Дали се приспособуваме на промени или се губиме во самиот процес?, Дали лицемерието е алатка за успех?, Дали успех се поистоветува со среќа?.

Влезот е бесплатен.