Контра кадар отвора бесплатна библиотека во Битола

По последната проекција на Контра кадар во Битола, активистите од ова дебатно кино собираа одреден фонд на книги, со тенденција тој да се зголемува.

Книгите ќе им стојат на располагање на читателите – бесплатно. Библиотеката ќе функционира на принципот земи-врати, со водење на евиденција за „патот“ на книгата, односно ќе се води евиденција во кого се наоѓа одредена книга.

Книгите засега ќе можат да се позајмат само кога Контра кадар ќе ги има неделните проекции во Домот на културата – Битола.

Книгите што моментално стојат на располаѓање може да се погледнат на следниот линк.

Секој што сака да донира книги, може да се обрати директно до Контра кадар, или да присуствува на една од следните проекции.