Конкурс за есеј за млади економисти – идеи за решавање актуелни економски и социјални проблеми

„Фајнанс тинк“ објави конкурс за пишување есеј во кој авторите треба да дадат предлози и идеи за решавање актуелен економски и/или социјален проблем во Македонија.

Критериумите се:

  • Авторите мора да бидат млади економисти на возраст 18-35 години.
  • Темата на есејот да спаѓа во една од следниве области: сиромаштија, вработување, нееднаквост, фискална транспарентност, иселување, социјално претприемништво, жени.
  • Есејот да содржи 1 500 збора.

Наградата за најдобриот есеј изнесува 45 000 денари.

Рок за аплицирање е 15 ноември 2017 година, на konkurs@financethink.mk.