Конференција: Експерти, научници и граѓански организации договараат следни чекори за климатските промени

Третата меѓународна конференција за климатски промени денеска соеднува повеќе од 150 учесници – домашни и меѓународни експерти, граѓански организации, научници и практичари од областа на адаптацијата и на ублажувањето на климатските промени, експерти за одржлив развој и претставници од приватниот сектор.

Учесниците се договараат за заедничките следни чекори за справување со климатските промени. Тридневната конференција се одржува во Универзитетот ФОН, а е организирана од проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени, спроведуван од „Милиеуконтакт Македонија“.

„Главната цел на проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени е да се зголеми отпорноста на локалните заедници и да се зајакне нивниот капацитет да одговорат на предизвиците како поплави, ерозија и управување со водните ресурси. Овој пристап предводен од локалните заедници помогна да се најдат решенија кои најдобро функционираат за локалните заедници, како руралните, така и урбаните“, рече директорот на Мисијата на УСАИД“, Џејмс Стајн.