Концерт на Гоце Стевковски Септет во Филхармонија

Здружението на џез-музичари и слободни уметници организира концертната промоција на новиот албум на Гоце Стевковски Септет – „Homage to a dreamer“.

Концертот ќе се одржи на 8 ноември (четврток) од 20:30 часот во Филхармонија.

„Не пропуштајте ја оваа ретка можност на едно место да слушнете врвни македонски музичари и музика која што нема да ве остави рамнодушни!“, велат од Здружението.

Инаку, Гоце Стевковски Септет го сочинуваат: Тодор Бакрџиев – труба, Кирил Кузманов – саксофон, Сашко Николовски – тромбон, Филип Динев – гитара, Гордан Спасовски – пијано, Кирил Туфекчиевски – контрабас и Гоце Стевковски – тапани.

Гости ќе бидат Димитар Божиков на гитара и Филип Димишковски на клавијатури.