Композиторот Љупко Константинов е добитник на државната награда „11 Октомври“

Највисокото признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности, наградата „11 Октомври“, оваа година ќе му биде доделена на композиторот Љупко Константинов, информираше Министерство за култура.

Наградата ќе му биде врачена на 11 октомври во Собранието.

Љупчо Константинов (1946) дипломирал на Музичката академија во Белград. Автор е на музиката за бројни играни, документарни и анимирани филмови, ТВ-филмови, серии и драми, како и за над 60 театарски претстави. Меѓу другите, автор е и на музиката за филмовите „Среќна Нова 49“, „Македонска сага“, „Црвениот коњ“, „Тетовирање“, „Јужна патека“, „Хај-фај“ и други. Од неговата песна „Еј ти, младо момче“ во изведба на групата „Индекси“, неговата наградувана и изведувана авторска музика се смета за македонско музичко богатство.

Композиторот во 2019 ја доби нарадата Голема ѕвезда на македонскиот филм на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола, а пролетва ја доби и наградата Златен објектив за 2023,  која ја доделува Кинотеката на Македонија.