Компјутер победи човек во „најсложената игра на светот“

Компјутерска програма изработена од британската компанија Google DeepMind го победи актуелниот европски првак во друштвената игра на Западот позната како „Go“. Станува збор за можеби најголемото достигнување на вештачката интелигенција по победата на суперкомпјутерот на IBM, „Deep Blue“ над шаховскиот шампион Гари Каспаров во 1997 година.

Програмата, наречена AlphaGo, го победила европскиот шампион во древната далекуисточна игра, Фан Хуи со 5:0, а според досегашните проценки, технологијата била најмалку десет години далеку од ова достигнување. AlphaGo има учинок од 99% победи против другите слични програми, специјализирани за „Go“.

Во март годинава, закажан е меч меѓу AlphaGo и најдобриот светски играч во моментов, Јужнокорејанецот Ли Седол, во Сеул. Инаку, одличните резултати на вештачката интелигенција како овој не се значајни само како забава или спорт. Со тек на време, истражувачите се надеваат дека ќе можат да ги користат ваквите програми за решавање проблеми во реалниот свет во низа области – од медицинските дијагнози, до обликување на климата.