Кои се најигнорантните земји во светот?

Нова анкета од британскиот институт за истражувања Ipsos MORI покажа интересни резултати околу тоа како светските држави се гледаат себеси. Прашањата се засноваат на перцепциите на испитаниците во споредба со фактичката состојба во секоја од државите. На овој начин тие го создаваат индексот на игнорантност, односно колку граѓаните се во заблуда околу реалната состојба во нивната земја.

Во истражувањето споредувани се перцепциите и фактичките бројки за повеќе параметри: број на муслиманско население, перцепцијата на среќа, хомосексуланост, абортусот, богатството, трошоци за здравството и други.

Индија го доби најлошото место според индексот на игнорантност, како земја со најголем дел од населението кое има погрешна перцепција за реалноста. Следуваат Кина, Тајван, Јужна Африка и САД. Најмалку игнорантни држави се Холандија, Велика Британија и Јужна Кореја.

Запрашани да проценат колку голем дел од нивното население се муслимани, граѓаните на скоро сите европски држави го преценуваат процентот. Најголемо промашување е забележано кај граѓаните на Франција, кои просечно сметаат дека 31% од нивното население е муслиманско, додека фактички точната бројка е 7,5%. Слични дискрепанци се појавуваат и во процената колку голем процент од населението ќе биде муслиманско до 2020 година. Франција, Јужна Африка, Италија, Белгија и Канада најлошто ја процениле оваа категорија, натфрлајќи ја за над 20 проценти.

Прашање: Колку од населението сметате дека е муслиманско

Граѓаните, пак, од сите земји ја потценувале бројката на граѓани кои сметаат дека се среќни. Најголема негативна разлика овде се покажува кај азиските држави Јужна Кореја, Хонг Конг и Малезија, кои сметаат дека многу поголем број од населението е несреќно, од реалната состојба.

Сите земји во кои се спроведувала анкетата, веруваат дека нивната земја троши повеќе пари на здравствена заштита од реалните бројки.

Прашање: Колку од годишниот БДП сметате дека се троши на здравство?

Истражувањето за перцепциите е спроведено на почетокот на ноември, во 40 светски земји, на вкупно 27,250 граѓани. Додека фактичките податоци се земени од реномирани светски истражувачки организации како The World Values Survey и Pew Research Center.