Клиника за Токсикологија: 27 лица побарале помош за новогодишната ноќ

На Клиниката за токсикологија синоќа помош побарале 27 лица, изјави утрово директорот Нико Беќаровски. Тој истакна и дека за првпат по подолго време за новогодишната ноќ на Токсокологија не биле примени лица под 15 години, а најмладиот пациент синоќа имал 16 години.

Истовремено, посочи Беќаровски, помош не побарале лица предозирани со психо-активни супстанци.

Во болницата „8 Септември“, во Ургентниот центар, биле примени 38 лица. Четворица од нив имале помали повреди поради тепачки.

На Клиниката за хирургија биле примени 4 лица со изгореници на рацете од петарди, но без посериозни повреди. Две лица биле примени и со површни рани на вратот од залутани куршуми.