Картонски шатори за бездомниците во Брисел

Пионерски проект во Брисел почна да прави преносни картонски шатори за бездомниците да имаат место за спиење. Картонските шатори, познати како проектот „ORIG-AMI“, лесно можат да се транспортираат на грб додека бездомните лица бараат засолниште.

Во Брисел се забрануваат нормалните шатори, што значи дека бездомниците честопати се преместувани од полицајците. Луѓето што стојат зад проектот се надеваат дека нивните шатори ќе им овозможат на бездомниците подобро место за преспивање.

Шаторите ќе бидат толерирани од полицијата, велат тие.

Картонските шатори беа создадени во еден провинциски центар за рехабилитација, објави локалната веб-страница BX1, пренесе Би Би Си. Картонот пак е дониран од фабрика за картон, а додека шаторите се составени од работилница во затворот Лантин, додаде веб-страницата.

Многу засолништа во белгискиот главен град веќе се целосно окупирани во зимскиот период, а некои бездомници не сакаат да одат во засолништа каде што можат да бидат одделени од своите миленици.

Ксавиер Ван дер Стапен, претседател на невладината организација вклучена во проектот, за радиодифузерот РТБФ за францускиот јазик изјави дека е тешко да се прифати фактот дека “2.600 луѓе живеат на улиците во Брисел, во една од најудобните земји во светот”.

Шаторите беа презентирани во четвртокот на станицата „Gare du Nord“. Дваесет од нив треба да бидат дистрибуирани до бездомниците во Брисел, заедно со ранци со најважни производи, обезбедени од друга невладина организација, „L’Appel du Coeur“.

Во зависност од тоа како шаторите ќе бидат прифатени од бездомниците, во 2019 година може да се направи и ново производство, објави невладината.