„Кармина Бурана“ на 2 април во МОБ

Најпопуларната сценска кантата „Кармина Бурана“ од германскиот композитор Карл Орф на 2 април во 20 часот ќе биде изведена во Македонската опера и балет.

Публиката ќе може да ужива на средба со страста, љубовта и животните радости, како и вечниот сон за среќата, владетелка на светот, соопшти МОБ.

Кармина Бурана со години го привлекува вниманието како на режисерите и кореографите, така и на бројната публика.

Солисти на операта се: Катерина Стојановска – сопран, Дејан Стоев – контратенор, Горан Начевски – баритон.

Солисти на балетот: Марија Кичевска Шокаровска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова,  Давиде Буфоне (Италија), Мирослав Митрашиновиќ.

Диригент е Бисера Чадловска.

Настапуваат хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на МОБ.