Кардиоваскуланите заболувања и ракот се причините за 54% од смртните случаи во ЕУ во 2021

Во 2021 година имало 5,3 милиони смртни случаи во Европската Унија, а главни причини за смрт биле кардиоваскуларните болести, ракот и вирусот Ковид-19, покажуваат податоците на „Еуростат“.

Бројот на смртни случаи поврзани со циркулаторните заболувања е 1,71 милион или 32% од сите смртни случаи. Додека пак, ракот е втора најчеста причина за смрт со 1,14 милиони, односно 22% од целокупната смртност. На трето место е вирусот Ковид-19 со 0,57 милиони или 11%. Овие 3 болести заедно сочинуваат 65% од причините за сите смртни случаи во 2021 година.

Останати водечки причини за смрт се респираторните заболувања (0,32 милиони; 6%), надворешните пичини за морбидитет и морталитет (0,23 милиони; 4%), болести на дигестивниот систем (0,21 милиони; 4%), понатаму ментални нарушувања и нарушувањата во однесувањето (0,19 милиони; 4%) и ендокрини, нутритивни и метаболички заболувања (0,17 милиони; 3%).

Дополнително, стандардизираната стапка на смртност од Ковид-19 за 2021 е 115,5 на 100.000 луѓе, а сите три региони со највисока стапка се наоѓаат во Бугарија.