Европските земји ги ублажуваат ограничувањата за коронавирусот

Чешката Република во понеделникот соопшти дека ќе им дозволи на работниците во критичните сектори, како што се лекарите и наставниците, да одат на работа по позитивниот тест за Ковид-19, олеснувајќи ги ограничувањата, за службите да можат да продолжат да работат во ситуација кога бројот на заразени лица се зголемува, пренесува „Ал Џазира Балканс“.

Како што позаразната варијанта на Омикрон станува доминантна и принудува стотици илјади да се изолираат, расте притисокот врз здравствените работници, полицајци и пожарникарите, како и врз наставниците, со оглед на тоа дека наставата продолжува по божиќните празници.

Бројот на изгубени работни места поради пандемијата ширум светот минатата година е еквивалентен на загуба на 258 милиони работни место со полно работно време, според Меѓународната организација на трудот, а минатата година тој број остана на околу 125 милиони.

Обединетото Кралство, Франција, Швајцарија, Шпанија и Белгија во последните три недели го намалија периодот за карантин и олеснија некои услови за враќање на работа на заразените лица.

Франција и Швајцарија го намалија периодот за карантин на 7 дена од Божиќ за оние со позитивен тест.

Во Англија, можно е намалување на карантинот доколку заразеното лице добие негативен антигенски тест два дена по ред, за кој Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство соопшти дека е речиси исто толку ефикасно како десет дена изолација.

Во Шпанија, каде 14-дневната просечна стапка на инфекција во петокот достигна нов рекорд од 2.723 случаи на 100.000 луѓе, повеќе од 10 пати отколку на почетокот на декември, недостигот на персонал се чувствува во речиси сите сектори.