Канадскиот премиер Трудо измамен од тролови кои се претставиле како Грета Тунберг

„Напуштете го НАТО, ослободете се од оружјето, собирајте цвеќиња и насмевнете и се на природата“, вели лажната Грета во разговорот со Трудо.

Двајца руски комедијанти објавиле видео, во кое е прикажан успешниот обид за измама на канадскиот премиер Џастин Трудо, каде тие се претставуваат како шведската тинејџерка и активистка за климатски промени Грета Тунберг.

Владимир Кузнецов и Алексеј Столјаров, кои се нарекуваат себеси Вован и Лексус, објавиле клип во времетрење од 10 минути на „Јутјуб“, во кој зборуваат за светстката политика и напуштањето на НАТО со канадскиот премиер, кој на сите прашања одговара дипломатски.

Видеото се чини дека е снимено рано годинава, во време кога авион од украинска авио компанија се сруши при напуштање на аеродромот во Иран, несреќа во која 176 лица загинаа, а меѓу загинатите имало и канадски граѓани.

Комедијантот кои се преправа во младата активистка му вели на Трудо дека „таа“ е загрижена поради растот на интернационалната криза и неизвесност од светска војна.

„Вие сте возрасни, но се однесувате како деца“, вели комедијантот.

„Можеме да создадеме свет каде што има место за сите. За црнците и за белците. За христијаните и за муслиманите. За Трамп и за Путин. За мене и тебе. За Борис Џонсон. За Корбин. За Теренс и Филип, кои се познати во вашата држава“, продолжува тој.

„Не, ова е точно, точната перспектива“, одговара премиерот.

Од канцеларијата на канадскиот премиер соопштиле дека ова не е првиот лажен повик на светски лидер и дека премиерот веднаш го прекинал разговорот кога сфатил дека не зборува со вистинската Грета Тунберг.

Според аудиото, се смета дека Трудо сфатил дека станува збор за лажен повик во моментот кога лажната Тунберг почнува да зборува за Теренс и Филип, два канадски карактери од анимираната хумористична серија „Саут парк“, при што прашува дали тој може да закаже средба со нив.

„Премиере, дали можете да ме запознаете со Теренс и Филип? Знам дека тоа се големи ѕвезди во Канада, но многу е чудно тоа што не можам да ги најдам на социјалните мрежи. Дали вие можете да ми помогнете?“, гласи прашањето.

Најпрво, Трудо вели дека може да се обиде, пред да стане јасно за кои карактери всушност зборува лажната Грета.

„Би бил среќен – ќе го прашам мојот тим да се обиде да ги најде и да најде начин за поврзување. Бидејќи не ги имам нивните контактни со мене во моментов. Не беа тие од „Саут Парк“, вели Трудо.

„Лично не ги познавам. Верувам дека тие се „Саут парк“ пародија на канадските граѓани“, додава тој пред да ја спушти слушалката.

Во минатото, двата комедијанти земаа одговорност за успешни трикови врз францускиот претседател Емануел Макрон, моменталната потпретседателка на САД, Камала Харис и Принц Хари.

Извор: BBC