„Како го читам Конески“ – конкурс на фондацијата „Небрегово“

Фондацијата за македонски јазик „Небрегово” распишува конкурс за праќање текстови за монографијата „Како го читам Конески“, како дел од едицијата „Македонски збор“.

Заинтересираните може да учествуваат во оваа монографија со свое видување на одделни аспекти од научното, уметничкото и општественото дело на Конески.

Текстовите со обем не поголем од еден авторски табак, треба да се пратат најдоцна до 31 март 2018 година во електронска форма на е-пошта: kakogocitamkoneski@yahoo.com.

Контакт адреса за дополнителни прашања и објаснувања: kakogocitamkoneski@yahoo.com.