Каблите одат во историјата, безжичните полначи стануваат секојдневие

Безжично полнење на мобилен телефон преку чип инсталиран на јавно место може да стане секојдневие уште оваа година, барем во Соединетите американски држави. Триесетина врвни  компании од повеќе сектори и владини претставници се обединија во Power Matters Alliance (PMA), организација која ќе работи на воведување на безжичното полнење во секојдневниот живот.

Минатиот понеделник, на меѓународниот Саем за потрошувачка електроника до Лас Вегас, договорена е поголема соработка на владите и големите компании, за да се отфрлат уредите за полнење базирани на кабли и да се воведе безжично полнење. Сепак, за тоа вистински да стане дел од секојдневнието, потребна е промена на начинот на кој мобилните телефони се произведуваат, како и голем проект за инсталирање на опрема со потребната технологија на јавни места.

Во првата фаза, американскиот ланец на кафулиња Starbucks пробно ќе вгради чипови во масите во 17 локали во Бостон, а проектот веќе доби поддршка и од производителот на смартфони Otterbox, како и од Google, AT&T и Facebook. Авиокомпанијата Delta Airlines  пред неколку месеци понуди безжично полнење, а технологијата од неодамна е достапна и во салата Madison Square Garden во Њујорк.