Јутјуб предизвикот #TeamTrees – со донирање на 1 долар засадуваш 1 дрво

Славни јутјубери неодамна се здружија во заеднички предизвик кој го нарекоа TeamTrees. Идејата е да се засадат 20 милиони дрвја до 1 јануари 2020 година.

Акцијата ја започна јутјуберот MrBeast, чие вистинско име е Џими Доналдсон, откако негов обожавател го предизвика да засади 20 милиони дрвја поради добивањето на 20 000 следбеници на каналот.

Тој заедно со Фондацијата Arbor Day ја основаа веб-страницата teamtrees.org на која граѓани може да донираат 1 долар за да се засади едно дрво.

Во рок од 24 часа од започнувањето на страницата, собрани се 100 000 американски долари. Во моментов се засадени 10,6 милиони дрвја.

Поддршка за акцијата дадоа и јутјуберот Алан Вокер, основачот на „Тесла“ Илон Маск, извршниот директор на Твитер Џек Дорси, како и Тоби Лутке, основачот на Шопифај.