Јубилејното 20. издание на „Поточиња“ викендов во Филхармонија

Престојниот викенд, Филхармонијата ќе биде местото каде ќе се одржи 20. роденденско издание на детскиот фестивал „Поточиња“.

Јубилејното роденденско издание на „Поточиња“ ќе се одржи во три различни термини, односно на 13.05.2023 (сабота) и 14.05.2023 (недела), со почеток во 11, 13 и 19 часот.

„Овој викенд ќе биде посветен на дечињата, кои заедно ќе пеат, играат и празнуваат, додека новите хитови на „Поточиња“ ќе ги забавуваат. 20 години Поточиња – 20 години Песна, Радост, Смеа!“, посочуваат организаторите.

Тие потенцират дека билети сè уште има во продажба преку продажната мрежа на МК Тикетс, како и онлајн на: mktickets.mk/event/potocinja13/ и www.karti.com.mk/potocinja-2023.nspx.