Интернационалниот фестивал „Театарски европски алтернативи“ го продолжува рокот за пријавување

Интернационалниот фестивал „Театарски европски алтернативи: STURM UND DRANG“ го продолжува рокот за пријавување во програмата „Нов бран“.

Организаторите информираат дека даваат дополнителен простор за домашните уметници да ги пријават своите дела.

„До сега добивме над 20 апликации за поезија, 12 апликации за визуелни уметности и 9 апликации за музика. Оваа година Фестивалот ќе промовира уметници од нашата држава во 4 категории – дизајн на постер, фотографија, музика и поезија. Темата на која уметниците треба да креираат е „Продор“ – велат од фестивалот.

Продолжениот рок  за пријавување е до 16 јули.  За време на фестивалот ќе биде спроведено онлајн гласање, а на победникот ќе му биде доделена официјалната награда на Фестивалот за најдобро дело на тема „Продор“.

„Ги охрабрувам сите автори да конкурираат на овој повик, да продрат подлабоко од дневните рутини и навики, да се изразат слободно и јавно во вистинска смисла на зборот, а меѓудругото, да не заборавиме, постер и фотографија се печатени медиуми и формати поголеми од димензиите на нашите “паметни” телефони“, изјави Дејан Џолев.