ЈСП: Од понеделник летен возен ред, нема да важат бесплатните ученички билети

Од Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) „Скопје“ информираат дека од понеделник, (10 јуни) возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат по летен возен ред.

Поради завршувањето на учебната година 2018/2019, бесплатните билети за учениците нема да важат за време на летниот распуст.

„Бесплатните билети на учениците од основните училишта ќе важат до 10 јуни, а на средношколците до 20 јуни“, соопштува ЈСП.

ЈСП „Скопје“ нуди можност основците/средношколците (не важи за средношколците кои сега завршуваат четврта година) по повластени цени да купат месечен билет за јули и август по цена од 600 денари (за еден месец).

„За купување т.н. сезонски билет за ученици, неопходно е лицето да приложи потврда дека е ученик и да достави книшка на увид“, стои во соопштението на ЈСП.

Бесплатните студентски билети ќе важат и за време на летото.