Јавна дискусија за климатските промени во парк Жена борец

Собирите кои повикуваат на поголема акција за справување со климатските промени во Скопје продолжува и овој петок, но во поинаков формат и на различна локација.

Oд овој петок, наместо штрајк пред Влада, ќе се одржуваат кратки презентации на јавни места за некои од клучните аспекти од климатската катастрофа, кои ќе служат како вовед за демократска дискусија меѓу присутните.

„Ова го правиме со цел да споделиме знаење за тоа со што се соочуваме, и да предизвикаме размена на мислења за решавањето на овој проблем“, велат од скопското FridaysForFuture.

Ќе се одржи неформална дискусија на тема „Климатски промени: композит од решенија; каде се пронаоѓаш ти?“, која ќе ја предводи Никола Јовановски, студент на ФЕИТ.

„Нашиот притисок кон институциите не завршува, но на овој начин ја приближуваме нашата битка до обичниот граѓанин, кој ќе ни биде најсилниот сојузник да издејствуваме политики кои ќе се придржуваат до Парискиот договор“, велат од FridaysForFuture.

Средбата овој петок (3 мај) ќе се одржи во паркот Жена борец од 14 часот.