Јапонски државен службеник е казнет бидејќи заминувал на пауза три минути порано

Вработен во управата за водостопанство во јапонскиот град Кобе бил казнет поради тоа што на пауза заминал три минути порано. Ваквата одлука неговите претпоставени ја соопштија на телевизиска прес конференција, каде се извинија за непристојното однесување на службеникот.

Тие соопштиле  дека 64-годишниот работник ваквото поведение го повторил 26 пати, во последните седум месеци. Затоа и бил казнет со неколку илјади јени и добил укор.

„Терминот за ручек во нашата компанија започнува точно напладне и трае до 13 часот. Работникот направил грешка бидејќи го напуштил работното место неколку минути порано, што претставува кршење на внатрешните правила на компанијата“, изјавил портпаролот на компанијата.

Работникот го прекршил Законот за државни службеници во кој се наведува дека тие треба да бидат строго концентрирани на работата.