Извршителите нема да блокираат сметки на лицата кои примаат социјална помош

Министерството за труд и социјална политика и Комората на извршители на Република Македонија потпишаа Меморандум со кој извршителите се обврзуваат да не ги блокираат сметките на лицата – приматели на социјална помош.

„Потпишувањето на Меморандум со Комората на извршители е со единствена цел – да ги заштитиме правата на лицата кои се во социјален ризик со тоа што ќе спречиме да се блокираат нивните сметки“, изјави министерката Мила Царовска.

„Со потпишувањето на овој Меморандум, ние ја изразуваме подготвеноста за соработка на полето на спроведувањето на социјалната политика и на Законот за извршување. Соработката ќе се темели на начелата и постапките предвидени со овој меморандум, а согласно прописите за заштита на личните податоци“, додаде Царовска.

Потписниците се согласни да ги применуваат највисоките стандарди за етичко и законско однесување за време на реализација на овој меморандум и се обврзуваат да обезбедат систем за заштита на податоците од неовластено користење и злоупотреба