Изложба „Поместени граници“ во галеријата на МКЦ

Изложбата со наслов „Поместени граници“ ќе биде отворена денеска со почеток од 20 часот во галеријата на Младинскиот културен центар (МКЦ).

Како што информираат од МКЦ, на изложбата ќе учествуваат автори од Македонија, но и гости од странство.

Со свои дела ќе се претстават: Анастасија Пандиловска, Филип Фидановски, Маја Кировска, Кристијан Тодоров, Јелена Лалиќ, Игор Таневски, Светлана Волиќ, Ана Цицовиќ и Ејприл Дауша.