Изложба на скулптури на уметникот Џелил Руфати

Во рамките на манифестацијата „Скопско лето“ во Мала станица вечерва ќе биде отворена изложбата на скулптури на уметникот Џелил Руфати.

Делата на скулпторот Џелил Руфати, создадени во знак на тројството, било од тематски, стилски и аспект на материјали, осведочуваат дека, преку геометриските, апстрактните и надреалистичките секвенции можно е уметничка синтеза на идејата, чувствата и материјалите. Во повеќето од нив геометризмот се наметнува во неколку димензии, каде доминантен е геометрискиот конструктивизам.

Џелил Руфати е роден на 22 ноември 1957 година во Горно Реканското село Жужње општина Маврово и Ростуше. Основното училиште “Моша Пијаде” и Гимназијата “Панче Попоски” ги заврши во Гостивар. Во 1978 година за запиша на Ликовната академија на вајарскиот отсек во Приштина во класата на проф. Агим Чавдербаша. Магистарски студии завршил на Ликовната академија вајарски отсек од менторство од проф. Агим Чавдербаша.

Од 1982 година е вработен како ликовен педагог во гостиварската гимназија “Панче Попоски” се до 2004 година. Од 1994 година е ангажиран на Ликовниот факултет во Тетовскиот државен универзитет како професор по предметот вајарство и е еден од основачите на Ликовниот факултет на Државниот универзитет во Тетово.

Отварањето на изложбата е најавено во 20:30 часот