Изложба на македонската уметница Ивана Настески во Белград

Изложба на графики и цртежи на македонската уметница Ивана Настески ќе биде отворена во галеријата „Икар“ во Земун, Белград на 13 мај.

Изложба на македонската уметница Ивана Настески во БелградНастески во последните години успешно ја претставува Македонија на престижни уметнички манифестации низ целииот свет. Досега нејзините дела ги видела публиката во Бугарија, Србија, Грција, Шпанија, Португалија, Германија, Тајван, Русија, Мексико, САД, Канада итн.

Ивана Настески дипломира на Факултетот за ликовна уметност во Скопје во 2004, а постдипломски студии (оддел графика и графички техники) завршува на истиот факултет во 2009. Член е на ДЛУМ (Друштво на ликовни уметници на Македонија) од 2009. Добитник е на неколку награди: Гран при за графика на Македонија, 2010, откупна награда на град Шабац (Србија) (2009) и откупна награда на International Small Graphic Bienniale во Тетово во 2008.