Изложба на Калина Брајковска во НЛБ Галерија

Утре, 22 јануари, во 20 часот, во НЛБ Галерија (ул.Мајка Тереза 1, Скопје) ќе биде отворена изложбата на дела од Калина Брајковска.

Изложбата содржи 20 дела масло на платно изведени во неоеxпресионистички стил, во кои авторката со радост им пркоси на обликот и формата.

Во времето кое стои помеѓу нас и класичниот сликарски пристап, Калина Брајковска е на границата помеѓу двата света, оној кој заминал и оној кој доаѓа. Нејзиниот гест е израз на контраста помеѓу се околу нас, тоа е приказ сличен на земјата на Петар Пан.