Изложба на фотографии од истражувачкиот проект „Викиекспедиции“

Триесет и две најдобри фотографии направени во досегашните истражувања од проектот „Викиекспедиции“ на Википедија на македонски јазик ќе бидат претставени на изложба „Во допир со Македонија“ во Центарот за иновации и дизајн „Јавна соба“ од 11-ти до 15 април.

Со изложбата ќе бидат одбележани три години од успешното спроведување на проектот „Викиекспедиции“, кој опфаќа теренски истражувања и посети на различни области на Македонија. По тригодишно истражување и посета на 17 региони на Македонија, направени се 4.302 фотографии и се уредени и создадени 266 статии на Википедија на македонски јазик за села, верски храмови, културни и природни знаменитости.

Посетителите ќе видат фотографии и ќе бидат информирани за достигнувањата на проектот, неговото значење и значењето на слободната енциклопедија Википедија и проектите на Викимедија.