Изложба на ѕвончиња за велосипед во „Че“

Студиото „Just Because” одбележува десет години креативна работа најавувајќи нова серија на убави настани.

Прв на листата настани е изложбата на рачно сликани ѕвончиња „Ride Your Story!”

„Извозете ја и Вие Вашата приказна, на 9 ти мај (среда), во кафе-бар „Че” после 19 часот (пожелно е да дојдете со Вашиот велосипед како би придонеле сите за поубав вело-град)”, се вели во најавата за настанот.

„Придонеси за подобар вело-град со тоа што ќе бидеш внимателен во собраќајот и паметно користи го своето ѕвонЧЕ”, апелираат од студиото.

Изложбата е од продажен карактер.