Изложба „Москва Денес“ во Музејот на Град Скопје

Градот Скопје и Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија ја најавија изложбата „Москва Денес“, која ќе се отвори во вторник (30 јануари) во 19 часот во Музејот на Град Скопје.

Изложбата, којашто се базира врз основа на официјалните фотоматеријали доставени од Град Москва, го отсликува современиот урбанистички изглед на руската престолнина. На неа ќе бидат претставени реновирани знаменитости по кои што е позната Москва низ светот, уникатни архитектурни и инфраструктурни проекти изградени во Москва во последните неколку години, како и можностите за развој на туризмот, спортот, образованието и културата што ги нуди еден од најголемите градови на земјата.

Изложбата „Москва Денес“ се одржува во рамки на одбележувањето 24 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Руската Федерација и Република Македонија и е во организација на Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија и руската државна агенција Россотрудничество со поддршка на Град Скопје и Музејот на Град Скопје.