Изложба „Феникс од пепелта. Уништувањето и обновувањето на Варшава“

Во Музејот на град Скопје во петок (19 јануари) со почеток во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Феникс од пепелта. Уништувањето и обновувањето на Варшава 1939-1955“. Изложбата се организира во соработка со Амбасадата на Република Полска во Македонија.

Изложбата е дел од архивата на Бирото за обнова на градот Варшава и од 2011 година е вброена во престижната меѓународна листа „Меморија на светот“.

Полските водечки архитекти кои учествувале во пост-воената обнова на Варшава, како Циборовски, Јанковски, Клижевски, Мокжински и Виежбицки биле предводници и на плановите на Обединетите Нации за обновата на Скопје по земјотресот во 1963 година.