Изградена највисоката Лего кула во спомен на младо момче во Тел Авив

Илјадници луѓе се обидоа да ја изградат највисоката кула од лего коцки во знак на сеќавање на осумгодишно момче кое почина од рак. Кулата Омер е именувана по осумгодишниот Омер Сајаг, кој почина во 2014 година.

Кулата во Тел Авив е висока 36 метри и е составена од повеќе од половина милион пластични коцки. Нејзината изградба траеше повеќе од две недели.

Гинисовата книга на рекорди сега треба да потврди дека е надминати претходниот рекорд од 35,05 метри, поставен во 2015 година во Милано.

Потфатот не беше проследен од претставник на Гинис, па градските власти се уште немаат потврда дали ќе бидат запишани или не во Книгата на рекорди.

Данската компанија „Лего“ не зеде учество, па акцијата беше финансирана со приватни донации.

*Дополнување: Градењето на кулата од Лего коцки во Тел Авив е направена во соработката со израелската компанија за „stem“ едукација со Lego коцки „Young Engineers“, распространета во над 43 земји меѓу кои со франшиза и во Македонија.