Италијанци продаваат воздух од Ибица во конзерви

Италијанскиот продавач на сладолед Џанлука Помо започна да продава конзерви со воздухот од островот, кој го нарекува „Воздухот на Ибица“ („Aire de Ibiza“).

Свежата идеја ја смислиле овој продавач и неговиот партнер Хозе Антонио Фернандез кога сфатиле колку имаат среќа што можат да ја вдишат добрината која доаѓала од рајот на забавата. Тие решиле да им овозможат и на други да го вдишат овој островски воздух.

Сепак, конзервите полни со воздух не се бесплатни нагласува Помо, односно една таква конзерва чини 5, 90 евра, со вклучени трошоци за достава.

Она што го нудат двајцата продавачи на воздух, е дека тој е чист и девствен.