Истражување: Пристап до интернет имаат 84% домаќинства, а половина од населението поседува смарт телевизор

Пристап до интернет имаат 84 проценти од домаќинствата додека 78 проценти од населението користи интернет. Најголем дел од корисниците на интернет (38 проценти) ја користат оваа услуга од Македонски Телеком, потоа следуваат Оне,Вип (27 проценти и Телекабел *14 проценти), покажуваат резултатите од испитувањето на јавното мислење за пазарот на електронски комуникации на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК).

Најкористена технологија за пристап на интернет е кабелски интернет со 39,3 проценти, понатаму следуваат  ADSl со 35,5 проценти,оптички интернет -10,7 проценти LAN пристап 6,5 проценти безжичен интернет – 1,7 проценти и мобилен интернет преку USB – 0,4 проценти.

Речиси сите испитаници поседуваат телевизор во домаќинството 99,5 проценти од кои мнозинството (90 проценти) плаќаат месечен надомест за телевизиски услуги.

Половина од населението поседува смарт телевизор во домот. Убедливо најкористена апликација на смарт телевизорите е Youtube.

Половина од домаќинствата што плаќаат месечна претплата за телевизија сигналот го добиваат преку кабелски приклучок (50,1 процент) по што следува IPTV (31,9 проценти) DVB-T (11,1 процент) и сателитскиот приклучок (1,5 проценти).

Дополнителен пакет  или канали со доплата имаат активирано 16 проценти од корисниците на платени телевизиски услуги.