Истражувачите развиваат уред кој може да го „слушне“ внатрешниот глас

Истражувачите создоа уред кој може да ги чита умовите на луѓето и внатрешениот глас преку кој се издаваат контролите, без да има потреба од зборување. Уредот, наречен „AlterEgo“, може да ги препознае зборовите што тие што го носат ги кажуваат во себе, не на глас, користејќи електроди прицврстени на кожата.

„Нашата идеја беше: дали би можеле ли да имаме компјутерска платформа која е повеќе внатрешна, која на некој начин ги спојува човекот и машината и која претставува внатрешно продолжување на нашето спознание?“, Арнав Капур, истражувач на овој систем во лабораторијата на МИТ.

Капур ја опишува слушалката како „разузнавачки“, или информациски уред,  кој беше презентиран на конференција во Токио. Уредот се носи околу вилицата и брадата, и продолжува кон врвот на увото, за да може да стои прицврстено. Четири електроди под белиот пластичен уред имаат контакт со кожата и ги преземаат суптилните невромускулни сигнали кои се активираат кога едно лице зборува во себе. Кога некој кажува одредени зборови во својата глава, вештачката интелигенција во уредот може да поврзе одредени сигнали со одредени зборови, преку компјутерот.

Компјутерот потоа може да одговори преку уредот со помош на звучник со коскена спроводливост, кој емитува звуци во увото без потреба од вметнување слушалка, оставајќи го корисникот во можност да слуша наоколу. Идејата е да се создаде надворешно тивок компјутерски интерфејс со кој само корисникот на уредот „AlterEgo“ може да зборува и да го слуша.

„Во основа не можеме да живееме без нашите мобилни телефони, нашите дигитални уреди. Но, во моментот, користењето на овие уреди ги прекинува работите“, вели Пати Маес, професор по медиумски уметности и науки во МИТ.„Ако сакам да пронајдам нешто што е релевантно за разговорот што го имам, морам да го најдам мојот телефон и да напишем пристапен код, да отворам апликација и напишам некој клучен збор за пребарување, а целата работа бара целосно да го свртам вниманието од мојата околина и од луѓето со кои сум поради телефонот“.

Маес и студентите, вклучувајќи го и Капур, експериментирале со нови фактори и интерфејси за да ги обезбедат знаењата и услугите на паметните телефони без нападното внимание што во моментов го предизвикуваат во секојдневниот живот.