Интерактивен перформанс „Јас сум човек“ во „Колектив Галерија“

Во „Колектив Галерија“ во Скопје утре (15 јануари) од 20 часот ќе се одржи интерактивен театарски перформанс „Јас сум Човек“.

Според најавите, публиката во перформансот претставува и актер и човек.

„Овој перформанс обработува мигови од животот на еден човек, што прави кога е сам со себе дома. Се’ она што се плашиме да го изговориме на глас, овие луѓе актери ќе го кажат. Публиката е дел од овие приказни, таа е сведок на секој миг што човекот го поминува кога е сам со себе“, стои во најавата за перформансот.

Автор и режисер е Теа Беговска, а актери се Никола Кузелов, Надица Петрова, Даријан Петров. Автор на музика е Енес Беговски, а дизајнот на плакатот е на Стефани Христов.

Освен утре, изведба ќе има и на 17 јануари во 20 часот, исто така во „Колектив Галерија“ (плоштад „Македонија“).

Бидејќи станува збор за перформанс кој се случува во интимна атмосфера, авторите играат за ограничен број на публика. Место се обезбедува со предходна резервација на 078/606 293 или 076/832 646.