Инсталирана првата „песочна батерија“ за складирање одржлива енергија во светот

Истражувачи во Финска ја инсталираа првата „песочна батерија“ што може да складира одржлива енергија и да ја чува со месеци. Програмерите за оваа идеја велат дека со ова може да се реши проблемот за снабдување во текот на целата година, пренесува „Би-Би-Си“.

Користејќи песок со низок степен, уредот се полни со топлина направена од евтина електрична, сончева или ветерна енергија.

Складираниот песок задржува топлина од околу 500 C (топлински капацитет) што  во зима може да ги топли домовите на жителите кога струјата е значително поскапа.

Ова е мало парче технологија со голем потенцијал што може да ги намали грижите за снабдување со енергија што се актуелни во последниот период.

Во батеријата се складираат околу 1.000 тони градежен песок што стои натрупан во сив силос. Вака подготвените груби зрна песок може да претставуваат едноставен начин за складирање на енергија когa истата е најпотребна.

Потребата за одржлива енергија постојано расте особено поради проблемот со климатските промени и рапидно растечката цена на струјата. Најтешкото прашање за работата на песочната батерија е работниот процес, односно што ќе се случува кога ветрот не дува или сонцето не грее, како ќе се зема енергија?

Одговорот очигледно лежи во големите батерии со голем капацитет за складирање на енергија. Во моментов ваквите батерии се градат од литиум, тие се скапи со голем физички отпечаток, и можат да складираат само со одредена количина на енергија.

Тимот млади инженери што ја креираше првата комерцијална инсталација на песочната батерија верува дека на овој начин може да се реши проблемот со одржливата енергија на многу поевтин начин.

Електричната енергија со ниска цена го загрева воздухот до 500 С со отпорно загревање (на ист начин како електричен пожар). На овој начин се генерира топол воздух кој се циркулира во песокот со помош на разменувач на топлина.

Песокот се смета за ефикасен медиум за складирање топлина што во процесот успева да задржи што е можно повеќе и да изгуби што е можно помалку од топлината. Инженерите тврдат дека ваквата батерија може да ја чува топлината до неколку месеци.

Така кога цените за енергија ќе се повисоки, батеријата ќе испушта топол воздух што ја загрева водата и системот за централно греење која потоа се пумпа околу домовите и канцелариите.

Финска е првата земја што започна со имплементирање на комерцијална употреба на песочните батерии што досега постоеја само како концепт. Во моментов, националната лабораторија за одржлива енергија во САД активно го истражува песокот како остварлива форма на батерија за одржлива енергија.