Инстаграм ќе ги подредува објавите според допаѓања, наместо хронолошки

Просечниот корисник на Инстаграм пропушта 70 отсто од она што се појавува на неговиот времеплов, вклучувајќи и одлични фотографии со илјадници допаѓања и објави од нивните најдобри пријатели. Поради ова, Инстаграм објави дека ќе го преуредува редоследот на објави. Наместо хронолошкиот редослед, Инстаграм ќе ги подредува објавите според бројот на допаѓања, односот на корисникот со лицето што објавува и навременоста на објавата.

Тестирањето ќе почне полека, појаснува компанијата, која соопшти дека на почеток, сите објави ќе останат, само со поинаков редослед. Но, на крај, објавите со низок квалитет ќе бидат филтрирани целосно.

Промените значат дека ако корисникот не го провери својот времеплов до следното утро, а пријател, чија фотографија добила голем број допаѓања, може да се појави на почетокот од неговиот времеплов, дури и фотографијата да е објавена со часови. На овој начин веќе функционира Фејсбук, а од неодамна и Твитер.

Оптимизираниот Инстаграм ќе се погрижи корисниците да не пропуштат одлични содржини, иако не го проверуваат постојано. Корисниците ќе можат да следат повеќе профили без да се грижат дека со тоа ќе ги покријат нивните омилени профили. На овој начин, ќе биде полесно да се следат пријателите од странство.