„Inner circle“ на 29 јуни ќе одржат концерт пред МКЦ

„Лошите момчиња“ на регето „Inner circle“ на 29 јуни ќе настапат на 20-та роденденска прослава на фестивалот „Таксират“, која ќе се организира во соработка со МКЦ, Пакомак и Sound Of Green.

„Греми лауреатите ‘Inner circle’ гостуваат за прв пат во Скопје, во рамките на нивната светска турнеја за прослава на 50 години постоење, а ова е извонредна прилика да се види во живо култната реге-поп атракција и непосредно да се вкусат нивните хитови: ‘Sweat’, ‘Rock with You’, ‘Games People Play’, ‘Bad Boys’, ‘Young, Wild & Free’, ‘Tenement Yard’ (неодамна семплувана од Jay-Z) итн“, стои во најавата за настанот.

Концертот ќе се одржува на платото пред МКЦ со почеток од 21 часот. Влезот  се обезбедува со едно празно шише (пластично или стаклено).

Ден подоцна, „Inner circle“ имаат и втор настап во Македонија, во Крушево.