[Инфографик] Обезбедена правна помош во случаи на дискриминација

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија објави инфографик за обезбедена правна помош во случаи на дискриминација.

Комитетот со поддршка на Амбасадата на Обединетото Кралство го спроведува проектот „Поддршка од граѓанското општество кон политиките за социјална кохезија и диверзитет“. Една од активностите од проектот е издавање на инфографици кои имаат за цел да ја информираат јавноста за пријавените случаи на дискриминација од граѓаните во Комитетот и како се постапува по нив.