[Инфографик] Месечник за криминал од омраза за ноември

Кривичните дела мотивирани од нетолеранција, односно предрасуди кон одредена група во општеството се опишува како криминал од омраза. Овој месец се регистрирани 5 вакви инциденти, што е намалување од октомври, кога имаше 18 инциденти. Вкупно годинава се регистрирани 67 инциденти – 38 се верифукуфани и 29 неверификувани. Најмногу (49) инциденти се во Скопје.

За постоење на криминал од омраза мора да бидат исполнети два услови: делото да е предвидено во кривичното право и да е мотивирано од некоја предрасуда.

Мисијата на ОБСЕ во Скопје го поддржува Хелсиншкиот комитет за човекови прави при регистрирање на делата од омраза. Овој месечник ги прикажува сите регистрирани инциденти во текот на ноември.