Индија е најлошото место во светот да се биде жена

Индија е на врвот на листата на најопасни земји за жените поради широко распространетото сексуално насилство, ретроградната културна практика и трговијата со луѓе, покажа анкетата на Фондацијата Томсон Ројтерс. Во 2011 година, кога слична анкета беше спроведена, Индија се рангираше на четвртото место, зад Авганистан, Конго и Пакистан.

Помеѓу 26 и 04 мај, Фондацијата Томсон Ројтерс анкетираше 548 експерти за женски прашања ширум светот, вклучувајќи академици, здравствени работници, креатори на политики и работници од невладини организации.

Испитаниците биле замолени да ги разгледаат следните параметри: здравствена заштита, културни традиции, дискриминација, сексуално насилство, несексуално насилство и трговија со луѓе.

„Втората најнаселена нација во светот, со 1,3 милијарди луѓе, е рангирана како најопасна на три теми – ризикот од сексуално насилство и малтретирање врз жените, опасноста со која се соочуваат жените од културни, племенски и традиционални практики и земјата во која жените се најмногу во опасност од трговија со луѓе, вклучувајќи принудна работа, сексуално ропство и домашно ропство”, велат од Фондацијата.

Наодите само потврдуваат непријатна вистина.

Случајот од 2012 година, групното силување на девојка во Њу Делхи, се сметаше точка што ја загрози безбедноста на жените во Индија, предизвикувајќи протести и апели за промени. Сепак, девојките и жените и понатаму се соочуваат со екстремна бруталност во конзервативната, патријархална земја, и покрај подобрените закони и многуте програми ориентирани кон жените, како Бети Бачао, Бети Падао („Спаси девојки, едуцирај девојки“), започнати од владата на Нарендра Моди.

Според податоците на Државниот завод за криминал, во периодот од 2012 до 2016 година се пријавени случаи на злосторства против жени, вклучувајќи и силување, сексуален напад, киселински напади и смрт на мираз.

Дури и овој број најверојатно ја потценува кризата: Претходните истражувања покажаа дека преживеаните од силување и сексуален напад се соочуваат со неверојатна бруталност, дури и кога се обидуваат да бараат правда, при што полицијата, правниците и докторите ја зголемуваат препреката преку нечувствителен третман. Ова, комбинирано со социјалната стигма поврзана со сексуалниот напад и притисокот од моќни интереси, гарантира дека многу жени воопшто не пријавуваат силување или сексуален напад.

Резултатите од анкетата доаѓаат само неколку месеци откако два грозни случаи на силување на деца го привлекоа националното и меѓународното внимание, истакнувајќи уште еден загрижувачки тренд на зголемено сексуално насилство врз малолетни лица.

Трговијата со луѓе претставува уште еден предизвик. Околу 15.000 такви случаи биле регистрирани во Индија во 2016 година, а во две третини се вклучени жени-жртви, повеќето на возраст под 18 години, продадени за сексуална работа или домашна потчинетост. Само минатата недела, пет активисти кои изведоа улична претстава за да ја подигнат свеста за трговијата со луѓе, наводно биле силувани во државата Џарканд.

Земјата иако е позната по својата растечка стартап и вселенска програма, како и нејзината потрошувачка економија,  за милиони нејзини жени, или речиси половина од населението, безбедноста и достоинството остануваат далечен сон.