„Овде треба да пишува детален опис на импров групата и паметни мисли околу истата. Меѓутоа, овој пат кога требаше да напишам такви нешта, никако не ми текнуваа. Дали некој воопшто и го чита ова? Дали некој ќе го кликне see more дугмето и ќе го прочита ова до крај? Можеби. Но, и да го стори тоа, нема да дознае премногу. А се разбира ќе проба и да побара на Google. Попусто. Ќе треба да дојде и да види. Да открие што е всушност овој настан. Се разбира ако ти што го читаш ова, стигна до овде поради фактот дека навистина си заинтересиран околу целата оваа работа, дојди на импров во четврток. Убаво ќе си поминеш!“.
Вака е најавен настанот во четврток (22 ноември) во бифето на ФДУ наречено „У бифе“, кое ќе биде домаќин на импровизаторската група „Настап“.
„Импровизацијата е создавање или играње нешто спонтано или создавање од нешто што е достапно во околината. Импровизацијата, во изведувачките уметности е настан кој се случува без посебна подготвеност по некакво сценарио. Способноста за импровизација може да се употреби во разни дисциплини, низ сите уметнички, научни, физички, формално или неформално образовни дисциплини. Театарската импровизација е корисна вежба за развивање на актерската креативност, довербата во партнерот и можност за развивање на конкретни секојдневни и несекојдневни драмски ситуации. Импровизацијата не само што е корисна за актерите, често се применува и во психологијата како вежба со која им се помага на луѓето кои се постојано под притисок при работа. Овозможува да се самоспознаеме и да се сетиме колку всушност е убаво кога се препуштаме на моменталната креативност во секојдневните човечки ситуации“, стои во најавата за настанот соимпров групата „Настап“.
Игрите ги играат: Дамјан Цветановски, Мартин Манев, Тони Денковски, Григор Јовановски, Сергеј Димовски, а водител е Андреј Цветановски.
Настанот започнува во 21 часот. Карти – нема, местата се ограничени, донација во шапка.