Има 21 година, одличен бизнис и порака до политичарите: Да немав 40 вработени, уште утре ќе се иселев

Младиот иноватор Иван Мрвош кој има 21 година и ја измисли првата паметна клупа во Европа, им одржа лекција на политичарите од Хрватска поради состојбата во која се наоѓа нивната земја.  Вели дека, иако е аполитичен, некои изјави на политичарите кои плукаат на луѓето што си заминуваат од Хрватска, го натерале да реагира. Неговиот ФБ статус го пренесуваме подолу:

„Од раѓање сум аполитичен. Моите дома не беа припадници на ниту една партија и тоа е можеби најдобрата работа што ми се случи во животот. Но, од друга страна, веројатно поради тоа најголем дел од животот го поминаа макотрпно работејќи во борба за секоја куна.

Не ја коментирам политиката. Ја следам бидејќи денес е наметната – не само во Хрватска, туку во цел свет. Своите ставови и мислење во 99 отсто од случаите ги задржувам за себе, одвремне навреме со пријателите ја коментираме комедијата која во Хрватска со години се нарекува „политика“.

Утринава, по стандардниот преглед на вестите, во најмала рака ми се згади од животот. Имено, човекот кој е советник на градоначалникот на Сплит, на својот ФБ профил, отворено за друг граѓанин на Сплит напиша дека е: идиот (му го нарече статусот идиотски, па оттука веројатно и заклучокот дека е идиот?), кој слободно може да си замине од Хрватска бидејќи никој нема да жали по него. Во меѓувреме, успеа да биде и расист, бидејќи по негови стандарди е лошо да живее со уште 13 Пакистанци (во Ирска)?

Зошто му го напиша ова? Затоа што тој човек имаше свој став и свое мислење. Затоа што му е доста од ситуацијата во државава. А каков одговор доби од човекот кој всушност треба да работи за него? Плукање. Во превод- ова е олицетворение на хрватската политика.

И сега доаѓаме до неверојатните изјави на нашите политичари последниве неколку месеци, на кои апсолутно никој во оваа држава немаше коментар.

Прв мој и апсолутно најдраг – Милан Кујунџиќ: „ Има четири клучни места  каде би можеле да дојдеме до три милијарди куни, а притоа да не го загрозиме стандардот на граѓаните…говорам за коцкањето и мобилните телефони“. Драго ми е што господинот Кујунџиќ сам одредил што е она што го загрозува стандардот на граѓаните, а што не.  Бидејќи нели, што значат неколку куни повеќе за мобилен телефон, неколку куни плус за струја, некоја куна повеќе за вода. И ете ни, неколку стотини куни. Но, па што е тоа за и онака високиот стандард на нашите граѓани? Ништо!

Колинда Грабар Китаровиќ: „Луѓето денеска имаат слободен избор да си заминат ако мислат дека овде не им е доволно добро. Во превод: „нам не ни е гајле за вас и ако не ви одговара животот во Хрватска, слободно одете си“.

Здравко Мариќ: „…Доста со тие уцени и постојани притисоци врз Владата“ – коментар на најавата на компанијата Валамар за престанок на инвестициите во туризмот…ова е дефинитивно најголемиот WTF.

Да ја водев Валамар би побарал г-дин. Мариќ лично да ми се извини за овој безобразлук. Здравко Мариќ работи во име на граѓаните и инвеститорите, а не обратно! Тој треба да стори се што е потребно за оваа инвестиција да се реализира, па макар и тоа значело да ги спушти гаќите, а не да го напаѓа Валмар.

Би можеле вака во недоглед. И да, со оглед на тоа  што знам какви се некои луѓе во Хрватска -излезе дека сите овие се статуси на членови на иста политичка опција, што не значи дека другите (не дај Боже) ги поддржувам или дека тие имаат квалитетни и конструктивни изјави.

Како знаеш дека од се ти е доста? Наутро кога ќе станеш се прашуваш дали сето ова ти треба. Има ли смисла воопшто да се обидеш да изградиш нешто на лоши темели (држава). Кога ќе се затекнеш себе си како на телевизија секоја вечер пцуеш по секој прилог, тогаш сфаќаш дека си собрал многу омраза и негативност во себе. Ете, тоа е како јас се чувствувам последниве неколку месеци. Најтешко е кога ќе сфатиш дека стотината илјади куни што си ги платил во државната каса изминатите три години служат за плати на тие политичари кои отворено серат по тебе и по сите оние што не го делат нивното мислење.

Искрено, ако во фирмата имам 2 или 3 работника – утре би си отишол. Сепак имам 40 работници и тоа не можам да го сторам, а и не сакам. Зошто? Затоа што сум 100% глуп и сакам да им дадам пример на младите во Хрватска. Не за тоа дека овде може да се успее – туку дека можат да успеат било каде. Ако си доволно истраен, ако си доволно упорен и ако веруваш во тоа што го работиш. Без оглед на препреките на кои наидуваш и проблемите со кои се соочуваш – успехот е можен.

Од Хрватска и од хрватските политичари не сакам ништо. Во овие 22 години државата не ми даде ништо, барем не бесплатно. Бесплатно образование, здравство и останатото се приказни за луѓе кои не ги препознаваат основите на економијата.

Имам само едно барање, а тоа е политичарите да го почитуваат народот кој го водат. И тоа е се. Веќе знам, иако имам само 22 години, ова нема да го дочекаме дури сум жив. Не чекаат години и години мачно будење и горчливи заминувања на спиење.

И за крај, моите дома секогаш ми велат да не влегувам во политика и да не зборувам лошо за другите, па дури и кога тоа е вистина, бидејќи ќе си направам проблем. Искрено, веќе не ми е битно. Ако поради своето мислење имам проблеми – тоа ќе биде само конечна потврда за мене, а се надевам и за другите, за тоа во каква држава живееме и што ни прават. Доволна причина за да си заминеме.

И на крај (уште еден крај) , баш ми е гајле. Можеби не е е многу врзано со темава, ама ова е мојата порака за младите:

По 22 години живот , знам кој сум и што сум. Мојот образ е чист. Во животот се постигнав со мачна работа. Без врски, без политика, без парите на татко ми ( и благодарам за тоа). Мене ми е важно што тоа го знам, а што мислат другите, баш ми е гајле. Им го препорачувам истото и на останатите.“

Загреб ја доби првата паметна соларна клупа, проект на студентот Иван Мрвош

Инаку, младиот Мрвош уште на 19 години отвори фирма која за кратко време промени три дејности, а меѓу другото се обидуваше на сплитските локали да им ги продаде своите светлечки столчиња. Без тие неуспеси тоај немаше да ги направи паметните клупи кои ја освоија Европа. Неговиот стартап прерасна во сериозна компанија.