Илустрација – како Западот известува за еболата?

Во Западна Африка, бројот на смртни случаи од ебола достигна до 4000, додека во Соединетите Американски Држави се уште е само еден. Сепак, известувањето за проширувањето на вирусот се покажа диспропорционално и додека една смрт се чини трагична и загрижува за ризикот од нови случаи, се става сенка на ситуацијата во Либерија, Гвинеја, Сиера Леоне и во некои други држави, пишува „Independent“.

Илустрација за тоа како Западот известува за еболата

Уметникот Андре Кариљо, преку своја илустрација се обиде да ги покаже овие разлики уште во месец август. Неговата илустрација брзо се прошири на Интернет со оглед на тоа дека покажува како смртта е игнорирана.

„Луѓето во Африка се повеќе гледани како апстрактна статистика наспроти пациентите во Европа и САД. Колку индивидуални приказни знаеме за африканските пациенти? Ниедна. Тие се третирани како непрепознатлива толпа“, вели Кариљо.

„Смртните случаи во Африка или Азија, треба да се сметаат исто трагични како оние во Европа и САД. Но, изгледа не е така“, додава тој.

Иако во неговата илустрација користи  неколку бои, уметникот вели дека неговата цел не била да покаже расни разлики, туку да го прикаже  „Западот vs. останатите“.

Извор: The Independent