Илустрации инспирирани од работата на медицинските лица: Тие се нашите суперхерои, треба да ги цениме повеќе

Инспириран од ретро постерите за суперхерои, илустраторот Душко Зафировски изработи неколку илустрации во кои ги прикажа докторите, болничарите, фармацевтите и волонтерите кои периодов се борат со новиот коронавирус во поинакво светло.

„Поддршка за нашите суперхерои! Постојат и треба да ги цениме повеќе“, напиша тој на својата Фејсбук објава.

Како што вели за Радио МОФ, решил наметките од суперхероите да им ги „позајми“ на лекарите и сите што се вклучени во превенцијата на Ковид-19 коронавирусот.

„Прашувајќи се што би направиле тие сега, логично ми беше дека би ги поддржале сите од медицината, бидејќи само медицината може да помогне“, вели тој.

Поддршка за нашите супер-херои!Постојат и треба да ги цениме повеќе!edit: По ваша сугестија, додадени се 2 нови постера:)

Posted by Duško Zafirovski on Sunday, 15 March 2020

Министерството за здравство ги повика сите креативци да се вклучат во пренесување на препораките и мерките за јавноста преку своите уметнички дела.

Е.П.